Време: Бранителите и учките учеа компјутери, но не заедно Печати
Петок, 13 јули 2007 01:00

За бранителите на Македонија од конфликтот во 2001 и поранешните учки Македонскиот центар за меѓународна соработка организираше курсеви за компјутери, за англиски јазик и за самовработување.

Според МЦМС, нерешените проблеми на учесниците во конфликтот од двете страни претставуваа потенцијална опасност за стабилноста на земјата, оти тлееше незадоволство на двете страни.
Сепак бранителите на Македонија и учките не учествувале на заеднички активности, а ни на прес-конференцијата немаше нивни претставници. Од МЦМС признаа дека има отпор за соработка.
С.Р.

Извор: Време (13.Јули.2007)


Поврзани: