Кодексот на добри практики усвоен во Македонија

Владата на Република Македонија го усвои Кодексот на добри практики за учество на граѓански организации(ГО) во процесите на донесување одлуки на 19 јули 2011.

Кодексот е создаден со цел да се подобри соработката со граѓанските организации во согласност со Стратегијата за соработка со ГО и различни закони кои служат како рамка за добра соработка и функционална демократска култура во Македонија. Главната цел на Кодексот на добри практики е одредувањето на збир на принципи и упатства за ГО и нивното учество во процесите на донесување одлуки кои треба да се спроведуваат на локално и на национално ниво во земјата. Целосниот текст на Кодексот е достапен тука само на македонски јазик.

[МЦМС]

joomla template 1.6