Проект: Граѓански дијалог на локално ниво

Граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки е од клучно значење за секое општество кое се декларира како демократско, а посебно е важно за младите демократии како што е Македонија. Создавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела во процесот на креирање и носење на законите, политиките и други акти е основа на партиципативната демократија.

Во Република Македонија постојат повеќе документи кои ја даваат основата за учеството на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките, почнувајќи од Уставот на Република Македонија, преку повеќе закони како Законот за референдум, до Деловникот за работа на Владата и специфично Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Меѓутоа, и покрај оваа основа и покрај неколку примери од некои од министерствата, сепак нема централно воспоставен систем на вклучување на граѓанските организации во процесите на креирање на политиките. Ова особено отсуствува на локално ниво, каде што се претпоставува дека граѓанските организации треба да бидат вклучени во расправата и одлуките за најголем број од прашањата кои ги засегаат граѓаните.

Со проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ МЦМС ќе даде придонес кон овозможувањето на институционална рамка за вклученост во креирањето на политиките на локално ниво.

Општата цел на проектот е зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е зголемено влијание на граѓанските организации во креирање на политиките на локално ниво.

Целната група се граѓанските организации, единиците на локална самоуправа, МЛС, ЗЕЛС.

Локација: Проектот ќе се спроведува во Република Македонија. Во Македонија активностите ќе се реализираат во Скопје, Битола, Дебар и Јегуновце.

Очекувани резултати од проектот се:

  1. Подобро разбирање на граѓанското учество креирањето политики и на механизмот за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации.
  2. Донесен и применет механизам за соработка со ГО во избраните локални самоуправи.
  3. Споделени искуства за партиципација на граѓанскиот сектор во креирање политики помеѓу  единиците на локалната самоуправа

Активности:

1.1. Компаративна анализа за најдобри практики за вклучување на ГО во креирање политики на локално ниво во земјите на ЕУ и Балканот
1.2. Преглед на законските основи и практиката на вклучување во донесување на одлуките на локално ниво како и на соработката на локално ниво во Република Македонија
1.3. Прирачник за граѓанско учество во донесување на одлуки на локално ниво
1.4. Конференција за споделување на наодите од анализата и дебата за препораките
2.1. Развој на механизми за соработка и вклучување на граѓанските организации во креирање на политики
3.1. Завршна национална конференција

Вклучени организации

joomla template 1.6