Вклучени организации

Покрај Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како носител на проектот, во проектот ќе бидат вклучени повеќе други актери кои со своето релевантно искуство и влијание на меѓународно, односно национално и локално ниво ќе дадат свој придонес за ефективно воспоставување на институционалната рамка во селектираните пилот општини и незината одржливост понатака.

Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) ќе биде вклучена во организација на меѓународна конференција како мрежа на 12 граѓански организации од 9 земји во Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Црна Гора, Словенија и Србија). БЦСДН во својата мисија се залага за зајакнување на граѓанското општество на Балканот преку споделување и развој на локални практики, концепти и јакнење на актерите на граѓанското општество. Една од целите на БЦСДН е и зголемување на улогата на граѓанското општество со јакнење на  својот глас во креирањето на политиките и во донесувањето одлуки на национално, регионално и на ниво на ЕУ.

Министерството за локална самоуправа (МЛС) е вклучен во проектот како битен чинител кој  што во својата надлежност како една од работите го има и следењето на развојот и предлагањето мерки за унапредување на локалната самоуправа. Министерството за локална самоуправа е одговорно за развојот на системот на локалната самоуправа во Република Македонија, како и  и за спроведувањето на процесот на децентрализација, како негов клучен сегмент. Еден од основните услови за успешно функционирање на локалната самоуправа, во услови на децентрализиран систем е сензибилизирање на граѓаните и нивно активно вклучување во процесите на креирање на политики, на донесување на одлуки, и во нивното спроведување преку делегирање на одредени надлежности од локалната самоуправа на граѓанскиот сектор. Главните придобивки кон кои цели актуелната реформа на локалната самоуправа и конкретно децентрализацијата се: подобрување на квалитетот на услуги на локално ниво, како и развој на локалната демократија, пред се преку примена на принципите на добро владеење-одговорност, транспарентност, партиципативност и ефективност.   За поттикнување на граѓанската партиципација е неопходно  да се создадат институционални капацитети во рамки на општинската администрација кои што ќе бидат директно одговорни за иплементација на соработката со граѓаните која што претходно ќе биде дефинирана во конкретени документи.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) како единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 85 посебни единици на локалната самоуправа, ќе даде свој придонес преку советодавна улога во Програмскиот одбор на проектот. Исто така ЗЕЛС, како своевиден центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа има огромно значење за понатамошно предлагање на механизми за подобрување на соработката на локано ниво помеѓу ЕЛС и локалните граѓански организации.

Тргнувајќи од критериуми како што се големината на општината, бројот на населението, етничката застапеност, територијалната поставеност и други социо-економски карактеристики, МЦМС вклучи во проектот три пилот општини: Битола, Јегуновце и Дебар. Практиките и стекнатите искуствата во проектот од овие општини ќе бидат споделени и со другите единици на локалната самоуправа. На тој начин ќе се обезбеди и одржливоста на подготвените стратегии за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирање политики на локално ниво, како и спроведување на акциони планови по завршување на проектот.

joomla template 1.6