Дебатата на тема Етички кодекс за граѓанските организации во Србија

На 29 јуни 2011, Граѓански Иницијативи организираа дебата со цел да се претстави и дискутира имплементацијата на Етичкиот Кодекс за граѓански организации во Србија. Различните засегнати страни ги изразија своите ставови за законик, вредности, соработката меѓу граѓанските организации и политичките партии, како и јавната перцепција и ставот кон граѓанскиот сектор.

60 граѓански организации го потпишаа Кодексот, и на тој начин го изразија своето прифаќање на заедничките вредности и принципи на работење. Со давање на согласност за почитување на вредностите како човекови права, одговорност, активизам, транспарентност и правилно управување, граѓанските организации се на чекор поблиску до создавање на активна, самокритична и етичка заедница. Оваа дебата е поддржана од страна на ТАКСО (Техничка помош за граѓанските организации) проектот во Србија, финансиран од Европската унија. Таа беше исто така поддржана во рамките на ИТЗ/УСАИД проектот "Иницијатива за застапување на граѓански организации".

[ГИ]

joomla template 1.6