Прирачник за учество на граѓански организации и граѓани во процесот на донесување на одлуки

Една од важните улоги за граѓанските организации (ГО) во ЕУ и на глобално ниво е олеснувањето за нивно учество во процесите на донесување одлуки, без разлика дали е тоа на локално, регионално, национално, па дури и на меѓународно ниво. ТАКСО објави за оваа намена нов прирачник за учество на граѓаните во овие процеси.

Прирачникот се состои од три главни делови. Во првиот дел се занимава со концептите и општите приоди, механизми и методи за ефикасно учество на граѓаните, а во вториот се осврнува на акциите за учеството на граѓаните, на локално и на национално ниво и последниот е посветен на палета на алатки која содржи листи за проверка и примери на шаблони и методологии кои се користат за поддршка на учество на граѓаните. И прирачникот и содржината на алатките е дизајнирана за да се користи или како водич и алатка за само-учење или може да се користи во контекст на работилници, тркалезни маси, настани, или други видови на формални обуки. Во тој контекст, секој вработен или волонтер со ГО може да го користи овој прирачник.

Исто така, тој содржи многу референции и примери на вистински искуства на граѓанските организации во регионот, како и детали за тоа каде може да се најдат информации, се очекува дека секој читател ќе пронајде во прирачникот инспирација и поттик за да преземе соодветна акција. Повеќе информации тука.

[ТАКСО]

joomla template 1.6