Истражување на јавно финансирање за граѓанските организации промовирано во Босна и Херцеговина

Споразум Плус мрежата ја оддржа петтата форумска сесија со над 150 учесници од невладини организации, владини претставници и донатори. Резултатите од новото истражување за јавното финансирање на граѓанскиот сектор во БиХ во 2010 година беа презентирани на овој состанок.

Анкетата, во која 295 владини институции ги дадоа своите одговори на прашалникот, покажа дека најголем дел од вкупниот средства се распределуваат на спортските организации 34,3%, следен сектор финансиран со 21,6%  е за ГО кои се фокусираат на обезбедување на социјални услуги/социјалната заштита, 16% енаменети за здруженијата на ветерани и други сродни организации, додека 28,2% е наменета за сите останати видови на граѓански организации.

Кога станува збор за начинот на распределба на средствата, резултатите покажуваат дека 43,7% од државните институции не спровеле отворен повик за финансирање. Во исто време, повеќето од нив 17,5% не го анализираат трошењето на финансиски средства, додека за 34% од нив се врши само финансиска анализа на резултатите.

Ова истражување е резултат на заеднички проект помеѓу Центарот за поддршка на граѓанското општество (ЦPЦС) и Фондацијата за социјална вклученост во Босна и Херцеговина (БиХ), а беше финансиски поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) , Фондот за отворено општество (Фондацијата отворено општество БиХ) и на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

[ЦПЦС/Споразум Плус]

joomla template 1.6