Јавна дискусија за ИПА се одржа во Црна Гора

Јавни консултации на стратешка рамка за согласност на оперативните програми за трета и четврта компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) беше одржана во Црна Гора.

Државниот секретар за европски интеграции, потсети дека со добивањето на кандидатски статус за членство во ЕУ, Црна Гора доби пристап до сите компоненти на ИПА. Останатите три компоненти на ИПА се поврзани со регионалниот развој, човечки ресурси и рурален развој. Сепак, со цел да се искористат средствата во рамките на овие компоненти Децентрализираниот систем на имплементација (ДИС) мора да биде целосно имплементиран. ДИС треба да овозможи пренос на сопственоста од управувањето со ИПА-фондовите од Европската комисија кон Владата на Црна Гора.

[Институт Алтернатива]

joomla template 1.6