Србија: Граѓански Организации за транспарентно финансирање од јавни извори

На 17 Февруари, 2011, Граѓански Иницијативи организираа консултативна средба во врска со овозможување на транспарентни механизми за финансирање на граѓанските организации од јавни извори.

На средбата се собраа повеќе од 70 претставници на граѓанските организации, кои дебатираа околу предлогот на Статут на Воведување на механизми за транспарентно финансирање од јавни извори за ГО. Целта беше да се собираат предлози, коментари и примери на добра практика за финансирање на ГО.

Затоа се поканети сите граѓански организации да ја консултираат листата на предложени законски решенија за подзаконски акти, и да ги достават своите забелешки и предлози. Консултативната средба беше помогната од ТАКСО Србија, УСАИД / ИТЗ, БТД и Британската амбасада во Србија.

[Граѓански иницијативи]

joomla template 1.6