Глобалниот договор на ОOН официјално промовиран во Црна Гора

Глобалниот договор на ОН е стратешка политичка иницијатива за бизниси кои се посветени на изедначување на нивните активности и стратегии со десет универзално прифатени принципи во областа на човековите права, работна сила, животна средина и анти-корупцијата.

Денес, Глобалниот договор на ОН е најголемата иницијатива во областа на корпоративната социјална одговорност во светот, со повеќе од 90 мрежи од целиот свет и со над 8.000 компании, како членови/потписници. За таа цел се одржа конференција во Црна Гора по повод официјалното лансирање на договорот, со цел да се вклучат што поголем број од црногорските компании и за нивно активно учество во промовирањето на глобалниот договор со осврт кон можностите кои произлегуваат за компаниите - потписниците на оваа иницијатива.

По тој повод, на конференцијата, повелбата беше потпишана од страна на претставници од 19 црногорски компании, институции и невладини организации (НВО), меѓу кои се: Унијата на работодавачи на Црна Гора, Дирекцијата за развој на мали и средни претпријатија, филозофскиот факултет на Универзитетот на Црна Гора - Институт за социологија и психологија, здружението на бизнис жени на Црна Гора, ЦРНВО, НВО Зелен почеток, Т-Ком Црна Гора, Теленор Црна Гора, Црна Гора Hotel Group, рудникот за јаглен Преваља и така натаму. Детални информации за Глобалниот договор на ОН и како да се стане член/потписник се достапни на веб-страницата на Глобалниот договор на ОН Црна Гора.

[ЦРНВО]

joomla template 1.6