Србија: Конституиран Национален комитет за волонтерство

Националниот комитет за волонтерство е основан на првиот состанок на 17 јуни 2011 година во Србија. Комитетот ќе ги координира промотивните активности за поттикнување волонтерство за време на меѓународната и европската година на волонтерството.

Ивана Ќирковиќ, директорка на Канцеларијата за соработка со граѓанското општество, претставници на ОН во Србија и Марко Стојановиќ, проектен менаџер од Граѓански Иницијативи, присуствуваа на состанокот, заедно со членовите на Комитетот. Покрај официјалното основање на Комитетот, сите присутни се согласија за организација на национална конференција за волонтирање во септември 2011 година и дека ќе се развие веб-портал за кратко време. Повеќе информации тука.

[Граѓански иницијативи]

joomla template 1.6