Словенија: Владин совет за развој на граѓански организации - форум за политички дијалог помеѓу Владата и граѓански организации треба да има во сите клучни министерства

Претставниците во Владиниот совет за развој на граѓанските организации и доброволните организации, на 24 август повикаа Советот да биде застапен во оние министерства и оддели кои се одговорни за клучните закони за граѓанските организации и во развојот на политиките кои нив ги засегаат.

Поради тоа, се очекува тие да учествуваат во Министерството за јавна администрација, Министерството за финансии, Владината канцеларија за локална самоуправа и регионална политика, Канцеларијата на премиерот, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд, семејство и социјална политика, Министерството за култура , Министерството за образование и спорт, Министерството за животна средина, Министерството за здравство, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи. Во исто време, претставниците од граѓанските организации, ја повикаа Владата да назначи свои претставници во Советот: државни секретари и раководители на владини институции, или барем од генералните директорати. Повеќе информации и писмото од претставници на Владиниот совет се достапни тука.

[ЦНВОС]

joomla template 1.6