МЦМС на регионалниот дијалог за анти-корупциски стратегии во Белград Shtyp
E premte, 25 shtator 2026 09:18

Спроведувањето на националните антикорупциски стратегии беше во фокусот на последната консултација на повеќе засегнати страни, која се одржа на 17 септември во Белград, Србија. Настанот беше дел од заедничката програма на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) и Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI) и беше посветен на претворање на антикорупциските обврски во практични дејствија, зајакнување на улогата и учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на стратегиите, како и споделување на искуства и добри практики меѓу земјите од регионот.

gok belgrad

Српските власти ги презентираа согледувањата на неодамна усвоениот Акциски план за 2026–2028 година за нивната Национална стратегија. Покрај домаќинот Србиј,а на состанокот беа пренесени и искуствата од Северна Македонија и Црна Гора кои споделија и конкретни примери од практичното ангажирање во процесите на консултации, координација и мониторинг на антикорупциските политики.  

Снежана Камиловска, претставничка на МЦМС, ја пренесе состојбата со вклучувањето на граѓанските организации во процесот на изработка на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Таа се осврна на текот на донесувањето на документот, но и на застојот во Собранието. Камиловска укажа дека стратегијата сѐ уште не е усвоена, а со оглед дека поминува годината, се ризикува 2026 година да биде празен од во однос на стратешките антикорупциски рамки во земјата.  

Еден од клучните заклучоци на настанот беше дека суштинското учество на граѓанското општество мора да оди подалеку од формални консултации. Тоа бара континуиран дијалог, редовен пристап до информации, обезбедување повратни информации за предлозите и можност за граѓанските организации активно да придонесуваат во сите фази од процесот на спроведување. Покрај тоа, беа нагласени силните врски помеѓу спречувањето на корупцијата, владеењето на правото, одговорните институции и градењето на јавната доверба.  


Te nderlidhura: