МЦМС ја промовира публикацијата „Лобирање во локалната самоуправа“ |
![]() |
Петок, 29 мај 2009 14:26 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка, на 28 мај 2009 година, во Скопје, ја промовира книгата „Лобирање во локалната самоуправа“ од авторот м-р Марјан Танушевски. Целта на авторот била да го проучи знаењето и користа од/на лобирањето во контекст на процесот на децентрализацијата и зголемените надлежности на локалната самоуправа. Книгата ги разработува основните современи теоретски концепти и научни гледишта врзани за дефинирање на лобирањето, во контекст на процесот на односите со јавноста. „Книгата е пионерски потфат во науката во доменот на лобирањето воопшто, а особено во локалната самоуправа. Книгата има за цел да започне процеси на менување на свеста на сите субјекти и учесници во дејноста на локалната самоуправа“, рече д-р Константин Петковски, еден од рецензентите на публикацијата.
Публикацијата е подржана од МЦМС и ќе биде дистрибуирана до сите општини во Република Македонија.
|