| Апел од Платформата за борба против корупција за непотпишување на указот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и користење на уставното право на вето |
|
| Среда, 28 јануари 2026 12:11 | |||
|
Денес, 28.01.2026 Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со кој бара да не го потпише указот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.
Во прилог го објавуваме интегрално доставеното барање: “Почитувана Претседателке, Платформата за борба против корупција Ви се обраќа со почит и со чувство на висока одговорност, имајќи ја предвид Вашата уставна улога како гарант на владеењето на правото и уставноста на законите. Платформата за борба против корупција за усвоениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик за овие прашања веќе јавно реагираше и во повеќе наврати ги искажа своите ставови и аргументи, вклучително и на јавната расправа во Собранието, како и преку официјални дописи доставени до надлежните институции. По внимателна анализа на усвоениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сметаме дека постојат сериозни и основани причини поради кои Ве повикуваме да не го потпишете указот за прогласување на законот и да го искористите Вашето уставно право на вето. Иако ја поздравуваме потребата од интервенција во Кривичниот законик, особено по измените од 2023 година, усвоените решенија, наместо да обезбедат правна стабилизација во преодниот период до донесување на целосно нов КЗ, создаваат дополнителна правна несигурност, и ризик од институционална конфузија и натамошно уназадување во борбата со високата корупција. Особено укажуваме на следниве прашања од суштинско значење:
Дополнителна загриженост претставува и фактот што измените кои се однесуваат на борбата против корупцијата се носат во ист законски пакет со одредби за усогласување со Истанбулската конвенција и зајакнување на заштитата на жените и жртвите од семејно и родово базирано насилство. Иако овие измени се неопходни и заслужуваат недвосмислена поддршка, нивното комбинирање со суштински и контроверзни промени во антикорупциското кривично законодавство ја отежнува стручната и јавната расправа и создава ризик важните прашања поврзани со корупцијата да не бидат соодветно разгледани во нивниот целосен опсег. Воедно, сметаме дека начинот на донесување на овие измени, без соодветни јавни консултации и без систематско вклучување на јавните обвинители и судиите, не соодветствува на чувствителноста и значењето на материјата која се уредува. Почитувана Претседателке, Имајќи ја предвид Вашата академска и професионална посветеност на уставното право и владеењето на правото, веруваме дека ќе ги земете предвид овие аргументи и ќе го искористите Вашето уставно овластување да го вратите законот на повторно разгледување во Собранието. Таквиот чекор би овозможил суштинска доработка на спорните решенија и би спречил долгорочни негативни последици врз борбата против корупцијата и правната сигурност. Стоиме на располагање за секое дополнително образложение или стручна консултација. Со почит,
|