Унапредете го вашето знаење и вештини Печати
Вторник, 12 мај 2009 13:18

обукиOбразованието на возрасни е можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот. И оваа година Македонскиот центар за меѓународна соработка продолжува да го промовира образованието за возрасни преку неформално образование односно обуки кои се отворени за учество на сите заинтересирани.

Обуките на МЦМС се развивани низ 14 годишното искуство во соработка со истакнати меѓународни консултантски компании. Повеќе од 6.900 учесници на нашите обуки и нивните организации веќе ги чувствуваат придобивките од подобрените раководни вештини, дизајнираните внатрешни системи и процедури, развиените практики за набљудување и оценка, подобреното проектно и стратешко планирање, стекнатите комуникациски, презентациски и други лични вештини.

Кој и кога може да се пријави

Обуките им се наменети на сите оние кои сакаат да работат на својот личен и организациски развој.
Рокот за пријавувањето е најдоцна 10 дена пред започнувањето на обуката.

Придобивки од обуката:

  • практично знаење и вештини
  • oсознавање на теоретски концепти
  • учење од релевантни успешни искуства
  • материјали од обуката (прирачник, студии на случај, ЦД)
  • дополнителни консултации после обуката
  • сертификат
  • редовни информации за понудата на обуки на МЦМС

Теми:

Пристап до ЕУ фондови и  подготовка на апликации“ со Тања Хафнер Адеми и Фатмир Битиќи

Имате тешкотии за подготовка на апликации и совладување на ЕУ процедурите? Обуката „Пристап до ЕУ фондови и подготовка на апликации“ ќе ви овозможи да ги совладате тешкотиите и полесно да одговорите на барањата на ЕУ процедурите.

Обуката е во времетраење од 24 часа и ќе се спроведува во периодот 15-17 јули во Охрид.

Односи со јавноста“ со Гонце Јаковлеска

Како да го изградите имиџот на вашата организација? Обука за односи со јавноста ќе ги подобри вашите вештини, ќе ја олесни вашата комуникација со јавноста.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 7-10 јули во Скопје.

Стратегија за успех“ со Фатмир Битиќи

Дали имате визија за вашата организација после неколку години? Утврдете ги критичните прашања, дефинирајте ја визијата и поставете реални и мерливи цели.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 30 септември – 3 октомври во Охрид.

Раководење и развој на човечки ресурси“ со Сунчица Саздовска

Дали човечките ресурси ангажирани во организацијата се соодветни? Подобрете го вашиот систем за човечки ресурси и почувствувајте ги придобивките од него.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 28-31 октомври во Охрид.

Пријавување:

Преземете и пополнете ја пријавата за обуката или подигнете ја во седиштето на МЦМС (ул. Никола Парапунов, бб).
Пополнетата пријавата испратете ја на адреса МЦМС, поштенски фах 55, 1060 Скопје или на факс: 02/3065 298 или на  e-mail адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
За повеќе информации побарајте го Кренар Кука.

Стипендии:

Со цел да промовира еднакви можности за најмотивираните кандидати МЦМС ќе обезбеди стипендија во висина до 50% од вкупната цена на обуката. При селекција на добитниците на стипендии ќе се води сметка поддржаните кандидати да бидат претставници на маргинализирани заедници, рурални подрачја или мали организации и претпријатија и да имаат јасна цел како стекнатото знаење ќе го применат за поширока добивка за организацијата и за заедницата.


Поврзани: