Краток преглед на проектот

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведува проектот “Граѓански дијалог на локално ниво” кој е поддржан од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Проектот се спроведува од 21 декември 2010 г. до 20 декември 2011 г.

МЦМС со овој проект разработува една од мерките предвидени во Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор која што се однесува на континуираниот развој на граѓанскиот сектор и пред се на промоцијата на граѓанскиот сектор надвор од Скопје. Воспоставување на механизам за соработка на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор е целта која што треба да се постигне во селектираните пилот општини Битола, Јегуновце и Дебар, а воедно да послужи и како пример за другите општини во Република Македонија.

МЦМС во долгогодишното искуство  преку своите проекти  предводи и поттикнува промени со иновации и алтернативни модели за решавање на општествените предизвици, кои влијаат на останатите актери и се вклучуваат во главните општествени текови. Едни од долгорочните цели на МЦМС се и добро управување, партиципација и политики насочени од и кон луѓето и вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики.

joomla template 1.6