Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата PDF Print E-mail
Thursday, 30 April 2020 15:45

Повеќе од половината од испитаниците (56,2%) целосно или до некаде се согласуваат дека ЕУ и ја дава потребната поддршка на Македонија за борбата со Коронавирусот, додека 38,4% воопшто или донекаде не се согласуваат со оваа изјава. Вкупно 27,6% од граѓаните сметаат дека парите се најсоодветната помош што ЕУ треба да и ја даде на Македонија, а 21,4% предност им даваат на другите медицински материјали. Ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено прашањата на евроинтеграциите и очекувањата од преговорите.

mk clenka na eu

Истражувањето покажа дека постои извесен оптимизам кај граѓаните кога се во прашање евроинтеграциите па така, на прашањето: Која од земјите од Западен Балкан прва ќе влезе во ЕУ, 36,7% од граѓаните ја избрале својата земја, додека 17,2% сметаат дека тоа ќе биде Србија, а 12,5% предност и дале на Црна Гора. Македонија ќе влезе во ЕУ за пет години сметаат една третина од граѓаните (34,8%), додека речиси една четвртина сметаат дека тоа ќе се случи за 10 години. 

Во врска со очекувањата од самите преговори, повеќе од половината од граѓаните (56,4%) очекуваат почетокот на преговорите да придонесе кон подобрување на реформите во правосудството, за разлика од една третина (33,3%) кои немаат такви очекувања. Една третина (31,6%) очекуваат да се подобри целиот животен стандард, додека 19,4% не очекуваат дека нешто ќе се подобри. Што се однесува до корупцијата, блага предност имаат оние кои веруваат дека со почетокот на преговорите таа ќе се намали (41,7%)  пред оние кои сметаат дека таа ќе остане иста (39,8%). Вкупно 13,0% очекуваат корупцијата да се зголеми со почетокот на преговорите. Во поглед на иселувањето, 37,2% од испитаниците сметаат дека почетокот на преговорите ќе влијае на неговото зголемување, додека за 33,3% ќе остане исто. Една четвртина се поголеми оптимисти и сметаат дека иселувањето ќе се намали со почетокот на проговорите.

Речиси една третина од граѓаните (32,2%) ја перципираат Германија како земја од ЕУ во која најдобро се живее, а на второ место е Шведска (13,8%). Од земјите надвор од ЕУ најдобро се живее во Македонија (13,0%), во САД (11,3%) па потоа во Канада (9,8%), Нов Зеланд (9,0%) и Австралија (8,6%). Од земјите кандидати најдобро се живее во Македонија (34,5%), потоа во Турција (29,7%), па во Србија (15,5%).

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 7 до 17 април 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1006 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Перцепции за поддршката на ЕУ во борбата против Ковид-19 и за другите прашања на интеграцијата