Резултатите од 2023 година на одобрување во Советот на МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Резултатите од 2023 година на одобрување во Советот на МЦМС PDF Print E-mail
Friday, 26 April 2024 13:32

Членовите на Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на седницата одржана на 25 април 2024 година, го усвоија Годишниот извештај за 2023 односно неговиот наративен и финансиски извештај како и извештајот од ревизијата.

Prezentacija za Sovet 2023

Организацијата ја заврши годината со спроведени 32 проекти и вкупен буџет околу 200 милиони денари. Преку своите активно програми, МЦМС работеше со околу 100 граѓански организации, организираше 56 настани на кои беа вклучени повеќе од 4000 заинтересирани граѓани, објави 54 анализи, публикации, истражувања и инфографици и објави и дистрибуираше околу 500 информации.

Инаку, 2023 година МЦМС ја започна со четири нови програми чиј заеднички буџет изнесува околу 13 милиони евра. Цивика мобилитас, најголемата програма за поддршка на граѓанското општество беше продолжена до крајот на 2023 година, а паралелно започна и новата, последна фаза која ќе трае до крајот на 2026 година. Кон долгорочната цел за вкоренето и влијателно граѓанско општество придонесува и новата фаза на Граѓанскиот ресурсен центар (2023-2026). Придонесот кон добро владеење и борба против корупција е засилен со две нови програми, првата, Регионална мрежа за антикорупција (2023-2026) која всушност е нова фаза на програмата и Граѓаните против корупцијата (2023-2028). Продолжи спроведувањето на програмите Анти-дискриминациска превенција и промоција и Ресоцијализација и реинтеграција на повратниците кои се дел од долгорочната цел за социјална инклузија и кохезија.

Со тоа, МЦМС продолжува стабилно во следниов четиригодишен период и значително поотпорен на надворешни влијанија и на промените во контекстот.

Присутните членови на Советот изразија задоволство од спроведените активности и едногласно го усвоија Годишниот извештај.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Резултатите од 2023 година на одобрување во Советот на МЦМС