Поддржани седум проекти за застапување на локални иницијативи - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поддржани седум проекти за застапување на локални иницијативи PDF Print E-mail
Thursday, 13 February 2020 14:56

Седум граѓански организации со грантова поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар, во следните 6 месеци, ќе работат на застапување на младински и родови иницијативи, подобрување на состојбите на ромската заедница, подигнување на свеста на населението за екологијата како и создавање на одржлив систем за донирање на вишок храна.

20200213 грц грантисти 1

Преку истражувачки активности, директни средби со локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните организации, грантистите ќе работат на подобрување на состојбите на нивните целни групи во општините Струмица, Гостивар, Новаци, Скопје, Кочани, Велес, Чашка и Свети Николе (село Амзабегово, Кадрифаково и Горобинци).

Листа на грантисти:

  • Здружение извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес, проект „Младите носители на промените“;
  • „Граѓанска иницијатива на жени (ГИЖ) Свети Николе, проект „Вклучи се – во родови локални политики“;
  • Центар за образовни и развојни иницијативи „Инова лаб“ Битола, проект „Општина по мерка на младите“;
  • Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“- Скопје, проект „Сите сити во Скопје- Воспоставување на локални механизми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна“;
  • Ромско-турско здружение „Хајат НВО Струмица“, проект „Здрави деца за подобра иднина“;
  • Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“ Кочани, проект „Локална акциона група за застапување – Механизам за вклучување на ромската заедница во процесот на креирање јавни политики“;
  • Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ, Гостивар проект – „Застапувај, делувај, придонеси за почист град“.

Вкупниот фонд за оваа намена е 1 224 883 денари.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Поддржани седум проекти за застапување на локални иницијативи