Правна рамка за недискриминација - извршно резиме |
Во Македонија, согласно Уставот и законите и сите ратификувани документи од страна на Република Македонија сите граѓани ги уживаат основните човекови права и фундаментални слободи. Со ова, Македонија е обврзана да презема соодветна акција за заштита од дискриминација. И покрај тоа, сепак земјата се уште нема законодавство и општа правна рамка која е посветена на недискриминаторската димензија. Постојат само спорадични напори соодветно да се регулира оваа област, но приодот е карактеризиран како не-систематски (ad-hoc). Дел од проблемот претставува непостоење на унифицирани дефиниции и терминологија. На почетокот на годинава, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за недискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело. Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот е придонес кон воспоставување стратегија и законодавство за недискриминација во Република Македонија. Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија. Очекувани резултати од проектот се: изготвен поимник и дефиниции од областа на недискриминацијата;изготвена компаративна анализа на меѓународни стандарди и најдобри практики и анализа на домашното законодавство; разменети искуства за недискриминација со земјите од регионот. Проектот ќе се состои од четири активности: Изготвен поимник за недискриминација Компаративна анализа и студиска посета Анализа на постоечкото домашно законодавство и пракса Подготовка на закон за недискриминација Периодот на спроведување е 1 април – 31 декември 2008 година. Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со секретаријатот на коалицијата и ангажираните експерти. МЦМС во консултации со вклучените организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. |