Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.4 |
Автор: Македонски центар за меѓународна соработка Од вкупно 27 индикатори следени во периодот на известување, а за кои се следи исполнувањето на законските обврски („обојување на индикаторите“), 11 се остваруваат целосно во согласност со закон, 13 се остваруваат делумно, а 3 не се остваруваат. Антикорупциска проверка на легислативата се спроведува но недоволно активно. Антикорупциска проверка на легислативата се спроведува, но не во целост. Во овој извештаен период, таа е направена за пет закони и е започната за 11 закони (пет од вториот и шест од третиот квартал). Иако Владата во овој извештаен период има утврдено 13 предлог-закони на седница, истите не се доставени до ДКСК за задолжителна проверка на ДКСК одговорила на 916 барања за мислење од страна на државни институции за примена на Законот за спречување на корупцијата во изборен процес. Барањата за мислења се однесуваат на преземање постапки за вработување на неопределено и на определено време, постапки за јавни набавки, постапки за издавање под закуп на имот во државна сопственост и други видови располагања со државен имот, како и мислења по барања за вонредни исплати на буџетски или фондовски средства и други располагања со буџетски средства на централно и на локално ниво. ДКСК отворила 18 предмети за можни злоупотреби за време на локалните избори во кои се наведени сомневања за можни злоупотреби на буџетски средства, јавни фондови и средства од јавни претпријатија и други правни лица кои располагаат со државен капитал од денот на распишување на изборите на 6 август 2017 година. Од нив, 16 предмети се отворени по приговори поднесени од физички лица, еден приговор поднесен е од правно лице и еден приговор од непознат подносител. ДКСК не презела конкретни мерки за активна примена на Законот за заштита на укажувачите и подзаконските акти коишто се однесуваат на обврски на јавните институциите пред ДКСК. Полугодишни извештаи за примени пријави од укажувачи до ДКСК доставиле 41 институција. Вкупниот број на институции кои доставиле информација со име и презиме на овластено лице за прием на пријави од укажувачи е 65 институции или 5,03% од вкупно 1.291 јавна институција. ДКСК остварува соработка со државните органи, а може да се забележи и дека станува поотворена за соработка со граѓанските организации и со организации од приватниот сектор потписници на Мемо-рандумот за соработка каде за прв пат се евидентирани реализирани средби за воспоставување на идна соработка. ДКСК недоволно ја информира јавноста за сите свои активности. Имено, ДКСК нема пракса да објавува информации на својата веб страна за учество на обуки, работилници, одржани средби и сл. за кои нема законска обврска да го направи тоа. Во извештајниот период до ДКСК биле доставени и оформени вкупно 19 предмети за постоење елементи за корупција. Предметите се по пријава од граѓани, од правни лица и предмети отворени по сопствено убедување на ДКСК. |