| Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство |
|
| E hënë, 27 prill 2026 09:08 |
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство.
Во текот на 2025 и 2026 година се подготвија и презентираа наодите од два извештаи поврзани со родовата еднаквост и инклузивноста во спортот и родово базираното насилство врз жените во спортот во Северна Макеоднија. И давата извештаи детектираат низа на структурни пречки за поголемо вклучување на жените во спортот но и подобра поставеност на механизмите за заштита од родово базирано насилство во спортот. Од аспект на примената на принципите на еднаквост и недискриминација во двата извештаи е констатиран значаен јаз во Законот за спорт. Имено, Законот за спорт не е хармонизиран ниту со меѓународната, ниту со националната регулатива за спречување и заштита од дискриминација, тој не е родово сензитивен, ниту сензитивен за попреченост, со што целосно се занемарени специфичните потреби на жените и девојчињата спортистки и спортистките со попреченост како за нивно занимавање со спорт, така и за понатамошно напредување. Дополнително, сведоци сме на практики на директна дискриминација каде женските резултати во спортот се вреднувани дупло помалку од резултатите на машките. Доколку сте заинтересирани, погледнете го подетално Описот на надлежности. Рокот за пријавување е до 10 мај, 2026 година, на емаил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë Подготовката на овој документ на политики се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој го спроведува ОКСМ во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, а финансиски е поддржан од Европската унија. |