E shtunë, 06 tetor 2007 01:00 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 10 октомври 2007 година, во 11 часот, во хотелот Холидеј ин ќе го промовира извештајот од истражувањето за Довербата во граѓанското општество.
Освен довербата и ставовите на граѓаните за граѓанските организации, извештајот ги анализира и податоците за довербата во институциите како и (не)толеранцијата кон различни групи луѓе.
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Поддршка на националниот форум/платформа на граѓанското општество“, финансиски поддржан од Европската Унија (ЕУ) и раководен од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), а како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) за 2006/2007 година.
|