| Регионалната советничка на ГЦЕРФ се сретна со претставници на МЦМС и партнерските организации |
|
| E hënë, 27 korrik 2026 14:08 | |
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и партнерските организации Центар за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта - Ла Страда одржаа координативен состанок на кој присуствуваше и регионалната советничка на ГЦЕРФ за Западен Балкан, Весе Келменди, на 22 јули 2026 година.
На состанокот беше разгледан досегашниот напредок на програмата. Партнерите информираа за спроведените активности и искуствата од периодот април–јуни 2026 година и ги презентираа постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочуваат и придонесот на секоја организација во остварувањето на програмските цели. Размената на информации, како и секогаш придонесе за подобра усогласеност на активностите и зајакнување на заедничкиот пристап меѓу партнерите. На состанокот беа разгледани и приоритетите за наредниот период, планираните активности и неопходните чекори за нивна успешна реализација. Беше нагласена важноста на континуираната комуникација, координацијата и тесната соработка меѓу партнерските организации како клучни фактори за постигнување одржливи резултати. Весе Келменди се осврна на регионалните искуства и перспективи, како можност за учење и поширока соработка со колегите кои спроведуваат проекти поддржани од ГЦЕРФ и на идните активности на донаторот во регионот на Западен Балкан. Состанокот беше организиран како дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта - Ла Страда.
|