Акција за дарување крв - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Акција за дарување крв PDF Print E-mail
Monday, 25 December 2023 16:10

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Црвениот Крст на РСМ денес (25 декември 2023 година) организираа Акција за дарување крв.

MCMS7278 MCMS

Иако за ваква хуманитарна акција и не се потребни посебни поводи, сепак, оваа беше иницирана во чест на јубилејот, 30 години од основањето на организацијата.

Вкупно 13 вработени во МЦМС, во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и други соработници денес со задоволство се приклучија на армијата крводарители со чија помош секојдневно се спасуваат човечки животи.

MCMS7202 MCMS

 

Благодарни сме им што на овој начин ги практикуваат вредностите на организацијата.

Крводарителската акција се спроведе во просториите на МЦМС од 10 до 13 часот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Акција за дарување крв