Усвоен Годишниот извештај на МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Усвоен Годишниот извештај на МЦМС PDF Print E-mail
Monday, 29 June 2020 15:54

Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го одобри Годишниот извештај за работата на организацијата за 2019 година, заедно со финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор. 

МЦМС работеше на 33 проекти со вкупен буџет од 87 милиони денари. Со активностите кои се спроведуваа, беа обучени околу 200 претставници на граѓанските организации, беа доделени 56 грантови, а на организираните настани, беа мобилизирани над 1350 учесници. Издадени се 13 истражувања, анализи или документи за јавни политики на различи теми. Учениците од четири училишта во рурални средини добија нови игралишта. Преку работа со одгледувачите на тутун, елиминирана е злоупотребата на детски труд во 30 случаи. 

Членовите на Советот разговараа за реализираните активности но, и за перспективите кои произлегуваат од некои од нив. 

Покрај Годишниот извештај, Советот донесе и неколку одлуки со кои може да почнат подготовките за изборите за членови на Совет, што треба да се случат во декември оваа година. 

Сите одлуки беа донесени едногласно. 

Ова е првата седница на Советот која се одржува онлајн.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Усвоен Годишниот извештај на МЦМС