Информативна сесија за повикот за институционални грантови - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информативна сесија за повикот за институционални грантови PDF Print E-mail
Monday, 11 May 2020 12:33

Објавен е вториот повик за институционални грантови во рамки на Цивика мобилитас. За таа цел ги каниме заинтересираните здруженија, фондации и сојузи да учествуваат на онлајн информативната сесија која ќе се одржи на 12 мај 2020 година со почеток во 14 часот. Сесијата ќе се одвива преку платформата Microsoft Teams, а линкот за пристапување ќе го објавиме во 13 часот на веб страната и фејсбук страната на Цивика мобилитас.

Тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за тоа што се очекува од овој тип на грантисти, кои трошоци се подобни и што содржи пријавата. Исто така, ќе одговори и на прашањата и/или дилемите кои произлегле од подготовката на вашата апликација. 

Прашањата можете предвреме да ги поставите на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или за време на самата информативна сесија и истите ќе бидат одговорени во живо.

Повикот за институционални грантови е отворен до 1 јуни 2020 г.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Информативна сесија за повикот за институционални грантови