Комуникациска стратегија за здруженијата да ги надградат односите со јавноста - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникациска стратегија за здруженијата да ги надградат односите со јавноста PDF Print E-mail
Friday, 28 February 2020 19:06

Четиринаесет граѓански организации ги добија основите за нивните комуникациски стратегии за време на обуката за комуникации и видливост која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар во Велес на 26 и 27 февруари.

IMG 20200226 142727 2

Учесниците направија СВОТ анализа и ги поставија комуникациските цели кои сакаат да ги постигнат. Тие развија пораки за секоја од нивните целни групи и ги одредија каналите кои ќе ги користат за да им се обратат. На крај, се фокусираа на креативното размислување и преку бура на идеи (brainstorming) го креираа планот на активности.

Преку интерактивното предавање, тие се здобија со корисни информации поврзани со пишување на веб, онлајн заедниците, социјалните медиуми и нови алатки кои во моментов не се многу распространети а се доста корисни.

По завршувањето на обуката, голем дел одговорија дека ќе го применат наученото и ќе ги довршат започнатите комуникациски стратегии. Еден од најкорисните сегменти на обуката рекоа дека им била рефлексијата по организации каде секое здружение поединечно беше разгледано и доби фидбек за унапредување на комуникациите и видливоста.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организации во склоп на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Комуникациска стратегија за здруженијата да ги надградат односите со јавноста