Утрински весник: Македонскиот центар за меѓународна соработка - Финансиска поддршка за НВО Shtyp
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе обезбеди финансиска поддршка за активности на локални регионални невладини организации за проекти кои треба да се реализираат во рок од 6 месеци. Помошта е еднократна и може да изнесува од 60.000 до 140.000 денари.

Предност имаат организациите чии целни групи се жените, малцинствата, хендикепираните и младите и кои работат во секторите здравство, образование, човекови права, екологија, женски права и институционален развој.

Документите за пријавување можат да се достават во просториите на МЦМС најдоцна до 28 мај. (С.Кц.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)


Te nderlidhura: