Поголема транспарентност, активни граѓани и заштитена природа за подобри заедници Печати
Вторник, 30 септември 2025 14:06

И во текот на летните месеци од 2025, Цивика мобилитас ја продолжи својата поддршка за иницијативи што носат вистински промени во заедниците ширум земјата.  Трите нови приказни објавени во јули, август и септември ја истакнуваат енергијата на младите и граѓаните кои се обединуваат околу клучни прашања.  Вклучени во дебати и работилни,  тие дискутираа за теми кои нè засегаат сите - од јавните финансии и заштитата на шумите, до отвореноста на општините и дигиталните алатки за зголемување на довербата.

Sredba za vmrezuvanje 1

Јулската приказна ја посветивме на младите од Југоисточниот регион, кои проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост“  уште повеќе дадоа важност на отчетноста кон јавните пари. Преку работилници, дебати и конференции во Струмица и Радовиш, тие дискутираа за управување со лични буџети, транспарентност во трошењето и значењето на јавните финансии за иднината. Овие активности ги поттикнаа да поставуваат прашања и да развиваат критичко размислување, создавајќи основа за долгорочна неформална мрежа — EduFin Hub, како простор за учење и иницирање промени во заедницата, со фокус на влијанието на локалните и јавните финансии.

Прочитај ја приказната „Ако ние не се грижиме за јавните пари – кој ќе го прави тоа наместо нас?“ – прашуваат младите од Југоистокот

kruna plus mihailov photovideo 82 2048x1365

Во август, вниманието беше насочено кон граѓанската вклученост во превенцијата од шумски пожари, во време кога земјата се соочи со зголемен ризик од пожар. Под слоганот „Огнот не простува, а шумата е живот“, во Берово се одржа јавен настан со потпишување декларација за заедничко делување, при што граѓаните се обврзаа да ја пријавуваат секоја опасност од пожар и да ги пренесуваат овие вредности понатаму. Во Тетово се одржа обука за превенција и справување со пожари на отворен простор, со учество на претставници на институции, граѓански организации и локални жители. Обуката комбинираше теоретски дел со практични вежби, демонстрации и симулации на шумски пожар, каде учесниците активно учествуваа во вежби за гаснење пожари, заштита и евакуација. Овие активности покажаа дека грижата за природата не чека и дека превенцијата е заедничка одговорност која бара активно учество на граѓаните.

Прочитај ја приказната Граѓанска иницијатива за превенција од шумски пожари во Берово и Тетово

312329a1 77e4 4eaf 9644 20bebb94fd2c

Поголема отвореност на општините и актвино влучување на граѓаните придонесуваат за сузбивање на корупцијата. Ова беше една од темите на кои посветивме внимание во септември. Индексот на отвореност за 2025 покажа дека отвореноста не зависи од големината на општината, туку од посветеноста и иницијативата на локалната власт. Со менторска поддршка и дигиталната платформа „мЗаедница“, активна во 11 општини, граѓаните добија можност да поднесуваат предлози, барања и пријави, а институциите да одговараат директно. Оваа зголемена отвореност на општините и директната комуникација се основата во намалување на корупцијата, бидејќи ја прави работата на инститруциите поодговорна и потранспарентана.

Прочитај ја приказната Помали општини предводници во отвореноста: дигиталните алатки ја зајакнуваат довербата меѓу граѓаните и локалната власт

thumbnail 2

 


Поврзани: