Јавен конкурс за извршни директори Печати
Петок, 03 јули 2026 12:46

Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.

МЦМС ОГЛАС

 Кандидатите треба да имаат:

  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество;
  • Способност за водство ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за генерален менаџмент - основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност;
  • Почит за другите,  вклучителност и партиципативност, поддршка на мултикултурноста.

Конкурсот е отворен до 10 јули 2026 година.

Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил), биографија (пожелно во формат на МЦМС), кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до две страници).

Преземи потребни документи:

Изборот го врши Управниот одбор на МЦМС, кој има право да избере 2 од кандидатите, само 1 или да не избере никого (при што постапката ќе се повтори во рок од 2 месеци).

Дополнителни информации можат да се побараат исклучиво на е-поштата  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , на која треба да се достават и пријавите.


Поврзани: