| ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026 |
|
| Петок, 22 мај 2026 14:16 |
Што е наградата за лидерство „Carol Bellamy“ (CBLA)?Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), оваа година е носител на Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026 за Северна Македонија.
Наградата првпат беше воспоставена од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ) во 2021 година, и е посветена на жени кои работат на пресекот помеѓу зајакнувањето на жените и превенција и спречување на насилниот екстремизам (П/СНЕ) Наградата обезбедува финансиска поддршка за добитничките на наградата и поддржува разновидни проекти поврзани со зајакнувањето на жените и П/СНЕ. Особено, поддржува локализирани решенија за сложени потреби во однос на зајакнувањето на жените и П/СНЕ, кои што се идентификувани од самите добитнички. Во 2026 година, ќе биде доделена по една награда во износ од 2.000 американски долари на организации предводени од жени или на жени кои работат на пресекот помеѓу зајакнувањето на жените и П/СНЕ, во секоја партнерска земја на ГЦЕРФ, вклучително и во Северна Македонија како една од партнерските земји на ГЦЕРФ Кој може да аплицира за CBLA наградата?Право на аплицирање има жена или организација предводена од жени, која работи на зајакнување на жените, превенција и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ). Со цел да се обезбеди правичност, партнерите на ГЦЕРФ, како и претходните добитнички на наградата, немаат право да аплицираат за оваа награда. Ќе биде доделена по една награда во секоја партнерска земја на ГЦЕРФ. Во Северна Македонија, добитниците ќе бидат избрани од потесна листа на апликанти од страна на МЦМС. МЦМС е носител на иницијативата за Северна Македонија за 2026 година и е одговорен за идентификување на добитниците на наградите, исплата на средствата, следење на спроведувањето и мониторирање на добитниците при реализацијата на нивните проекти. Што е потребно за да се поднесе апликација за наградата?Заинтересираните поединци или организации треба да достават предлог од најмногу две страници на електронската адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Во предлогот треба да објаснат како планираат да ги искористат средствата во износ од 2.000 американски долари, доколку бидат избрани за добитници на наградата „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026 и/или да поднесат кратко видео. Доколку се поднесува видео, пријавата сепак е задолжителна, а видеото треба да ги опфати прашањата наведени на втората страница од приајвата. Апликантите мора да наведат на кој/кои столб(ови) ќе се однесуваат нивните проекти: СТОЛБ 1: Поддршка за развој на мала локална организација предводена од жени, фокусирана на превенција на насилен екстремизам, на начин што организацијата го смета за суштински. Поддршката може да опфати оперативни трошоци, обуки, канцелариски трошоци, набавка на опрема и слично. СТОЛБ 2: Развивање на лидерските вештини на жените и/или овозможување нивно унапредување на лидерски позиции во областа на превенцијата на насилен екстремизам. СТОЛБ 3: Идентификување и поддршка на жени од заедници ранливи на насилен екстремизам, со цел тие да воспостават нови или да ги водат своите постојни иницијативи. Апликацијата треба исто така да одговори на следните прашања:
Како ќе се избираат добитниците на наградата „Карол Белами“ за 2026 година?Апликациите ќе бидат разгледани од страна на МЦМС, користејќи однапред утврдена рамка за селекција. Дополнителни информацииВе молиме имајте предвид дека добитничките ќе треба да достават информации за начинот на кој ја спроведуваат наградата во текот на 2026 година. Добитничките на наградата „Карол Белами“ за 2026 година година ќе бидат избрани и ќе ги спроведуваат своите активности од јули до ноември 2026 година. Ве молиме имајте предвид дека само организации предводени од жени или жени (како индивидуи) имаат право да се пријават. Претходни добитнички не се подобни за аплицирање. Краен рок за аплицирањеСите апликации мора да бидат испратени на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 12 јуни 2026 година. |