Повик за доделување партнерски грантови во Цивика Мобилитас [ЦМ-ПГ-2] |
![]() |
Среда, 17 септември 2025 09:59 | ||||||||||||||||||||||||||||
Цивика мобилитас објавува повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ-2] Пријави можат да поднесат:
Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ЕДЕН партнер. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога(било како носител или како партнер). Тековните добитници (носители и партнери) на партнерски грант (ЦМ-ПГ) и на грант за граѓански ангажман (ЦМ-ГГА) немаат право да се пријавуваат на овој повик за грантови. АплицирањеНосителот и партнерот мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). По регистрацијата, само апликантот НОСИТЕЛ треба да се пријави на овој повик за предлози и да ги прикачи пополнетите документи: пријава и прилози. Апликантот НОСИТЕЛ мора да го додаде партнерот/ партнерите (со нивниот/те единствени матични броеви и нивната е-пошта) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при регистрација на платформата). Оваа потврда ќе се смета за доказ за Изјава за партнерство. Процесот за аплицирање е он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави. Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на апликантите кои сакаат да ги здружат своите капацитети и преку заеднички напори, да постигнат позитивни промени водејќи се од меѓусебно дефинирани приоритети и фокусирајќи се на предвидените теми/ области. Предложените активности треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик:
Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 10 и 12 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 3.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер. Краен рок за поднесување на пријавите е 15 октомври 2025 г. до 13:00 часот. Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави. ПРАШАЊА И ОДГОВОРИЗаинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 6 октомври 2025 г. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ПГ-2. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас. ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИЦивика мобилитас ќе одржи три информативни сесии за овој повик за предлози. Пријавете го своето учество на https://civicamobilitas.mk/cm-pg-2/ Прелиминарниот распоред за овие информативни сесии е:
|