Правила и принципи во граѓанските организации Print
Friday, 15 February 2008 01:00
[Прес соопштение] МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот.  

Публикациите што ќе бидат промовирани се: Јавниот интерес и граѓанските организации; Економски активности на граѓанските организации и Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации.

Целта на публикациите е да придонесат во подобрувањето на правната и на фискалната рамка за граѓанските организации и во подобрување на мобилизацијата на ресурси.