Прв повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас Print
Tuesday, 26 February 2019 15:03

Граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас најдоцна до 25 март 2019 година, во 16 часот.

civica call akt 04

Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас, односно кон општествени промени кои се водени од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, од кои произлегува потранспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот  треба да биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 10 март 2019 г.

Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик чиј датум, време и место ќе бидат објавени на: www.civicamobilitas.mk

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-04/


Related: