Рејтинзи на политичките партии |
Monday, 30 May 2011 14:19 | |||
Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски МЦМС, во рамките на своите активности за следење на вонредните парламентарни избори ги следи и објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии. Во овој извештај е презентиран преглед на последните објави на девет агенции пред претстојните избори на 5 јуни 2011 година. Во извештајот ќе ги најдете споредбено рејтинзите на партиите, проценка на предвидениот број на освоени гласови што вклучува и проценка за излезноста на изборите и на крај, за оние агенции кои самите објавиле проценка на предвиден број пратеници, прикажана е и таа споредба по партии и агенции. Сите анкети без исклучок, се однесуваат на изборите на територијата на Република Македонија, без дијаспората. Прегледот е направен врз основа на комплетни информации од самите агенции доставени до МЦМС (Брима, ИДСЦС, ИПИС и Либерта), од објавените анкети на нивните веб-страници (Прогрес, Рејтинг) и од објавите во медиумите (ИСППИ, П.Шатев, Д.Чуповски).
|