Јавен повик за избор на добавувач за спроведување на оценка на програма Print
Wednesday, 20 August 2025 09:27

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во постапката за набавка на услуги за спроведување оценка (завршна студија) на програмата „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ (јули 2021 - септември 2025).

Постапката за набавка се спроведува како дел од проектот „Истражување и развој“, бр. 21 08 РРП 401, финансиран од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ), а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Нексус-граѓански концепт и здружението Плиадес.

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои ги исполнуваат условите наведени во Описот на надлежности.

Рокот за доставување на понудите е 5.09.2025 г. до 16:00 часот на е-маил адресата This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на адресата на МЦМС, ул. Никола Парапунов бр.41а, 1060 Скопје.


Related: