| Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион |
|
| Tuesday, 02 December 2025 14:24 |
|
Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:
Како дел од напорите за зајакнување на локалните граѓански организации, проектот воспоставува национална Платформа на регионални поддржувачи на граѓанските организации. Во останатите плански региони веќе е избран минимум по еден регионален експерт за поддршка на локалните организации. Регионалните експерти ќе играат клучна улога во обезбедување менторска, советодавна и техничка поддршка за локалните ГО, ќе поттикнуваат вмрежување и соработка, како и споделување знаења и добри практики. Избраните експерти ќе станат дел од платформата преку која Граѓанскиот ресурсен центар ќе може да делува во сите региони. Повикот е отворен за кандидати кои се жители на Североисточниот, Вардарскиот или Југоисточниот плански регион. Преземи го целосниот Опис на работни задачи. Краен рок за аплицирање: 26 декември 2025 година Апликациите се доставуваат електронски на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it Охрабруваме квалификувани експерти од соодветните плански региони да аплицираат и да придонесат за развојот на граѓанското општество. |