Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот Print
Thursday, 03 July 2025 11:28

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на анализа за родово базирано насилство во спортот. 

Повик за експерт 1080 x 720 px

Во Северна Македонија постојат ограничени информации за распространетоста на родовото базирано насилство во спортот. Оваа анализа има за цел да ја пополни празнината со истражување за природата и степенот на таквото насилство, опфаќајќи ги физичките и психолошките форми на насилство (вербално, невербално, физичко и сексуално вознемирување и злоупотреба и слично) и медиумското покривање на истото. Напоменувајќи дека овие форми меѓусебно не се исклучуваат, туку се преклопуваат.

Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности на следниот линк: 98-06_Opis_na_nadleznost-gender_based_violence_in_sports.pdf

Рокот за поднесување на документите е до 31 јули (четврток) 2025 г. на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Подготовката на анализата се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој го спроведува ОКСМ во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, а финансиски е поддржан од Европската унија. 


Related: