Медиумите од промоцијата на истражувањето „Барометар за еднакви можности“ Печати
Среда, 16 септември 2009 11:58

Во Македонија доминира дискриминација по партиска основа

Дискриминацијата врз партиска основа се смета за најчеста форма на дискриминација во Македонија. Според податоците од сондажата „барометар за еднакви можности„ , 78 отсто од граѓаните велат дека биле дискриминирани. Како втора форма е рангирана дискриминацијата врз етничка основа, присутна во 55 отсто од случаите, а како трета е дискриминацијата врз основа на возраста со 48.5 отсто изјави Виолета Петровска –Бешка, реализатор на сондажата . Истражувањето го спроведоа Македонскиот центар за меѓународна соработка и Центарот за човековите права.

Извор: Алсат-М Телевизија (14.09.2009)

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЦМС: Се дискриминира само партиски

Партиската дискриминација е најчест облик на дискриминација во земјава со 78 проценти застапеност, а најмалку е распространета дискриминацијата врз основа на религијата и уверувањето, покажуваат резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. - Дискриминацијата по партиска основа е многу позачестена отколку пред пет години кога изнесуваше 60 проценти - рече вчера професорот по психологија и автор на истражувањето, Виолета Петровска - Бешка. Резултатите од ова истражување покажуваат дека дискриминацијата по етничка основа изнесува 55 проценти, а дискриминацијата по основа на возраст 48,5 проценти. Дури, 33, 5 проценти од испитаниците се изјасниле дека во текот на последната година биле жртви на дискриминација или на малтретирање.

Податоците од истражувањето кажуваат дека дискриминацијата во Македонија е многу поголема од просечниот степен на дискриминација во земјите на Европската унија.

Повеќе од половината од граѓаните што послужиле како пример при истражувањето, не ги знаеле свои права во случај да се жртва на дискриминација. Анкетата била направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со агенцијата „Брима“ од Скопје, во која биле анкетирани 1.606 испитаници.

Извор: Време (14.09.2009)

МЦМС : Најчест облик на дискриминација е онаа по партиска основа

Дискриминација по партиска основа се смета за најчест облик на дискриминација во земјата со 78 отсто застапеност, а како најмалку застапена е дискриминацијата врз основа на религијата и уверувањето, ова се резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка, под назив "Барометар за еднакви можности ".

“Дискриминацијата по партиска основа е далеку позачестена отколку пред пет години кога таа изнесуваше 60 отсто” рече денеска професорот по психологија и автор на истражувањето, Виолета Петровска Бешка, која ги изнесе резултатите од истражувањето.
Резултатите од ова истражување покажуваат дека дискриминацијата по етничка основа изнесува 55 отсто, а дискриминацијата по основ на возраст 48,5 отсто. Дури, 33, 5 отсто од испитаниците се изјасниле дека во текот на последната година биле жртви на дискриминација или малтретирање.

Според резултатите веројатноста да се перцепира позачестено присуство на определен облик на дискриминација е поголема доколку лицата имаат другари или познаници кои припаѓаат на групи подложни на дискриминација, а уште поголема доколку себеси се доживуваат како припадници на малцински групи подложни на дискриминација.

Податоците од истражувањето кажуваат дека дискриминацијата во Македонија, е далеку поголемa од просечниот степен на дискриминација во земјите на Европската Унија.

Повеќе од половината од граѓаните кои послужиле како пример при истражувањето, не ги знаеле свои права во случај да се жртва на дискриминација, велат од МЦМС.

Анкетата била направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје, во која биле анкетирани 1606 испитаници.

Извор: Нет прес (14.09.2009)


Поврзани: