Ставови на граѓаните за решение на билатералниот спор со Грција [медиуми] Печати
Среда, 02 Февруари 2011 12:38

Медиумите ја објавија веста во врска со истражувања за прашања од општествен интерес, како доверба, општествени вредности и општествена одговорност на граѓаните, и за актуелни прашања, се ставовите за решение на билатералниот спор на Македонија со Грција.

Мнозинството граѓани не прифаќаат промена на името

Повеќе од 60 отсто од македонските граѓани се против каква било промена на името, покажува истражувањето на МЦМС спроведено од страна на ИСППИ во декември лани на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. За двојната формула се изјасниле 28,3 отсто од етничките Македонци.

Извор: Дневник

Граѓаните не сакаат промена на името

Секој втор испитаник или половина од анкетираните во истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка сметаат дека не треба да се прифати никаква промена на името.

Половина од граѓаните се против каква било промена на името, велат резултатите од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведена од страна на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Анкетираните имале шанса да избираат од пет можни решенија, кои се движат од една до друга крајна позиција, односно „од прифаќање на ново име за сите употреби" до „Македонија не треба да прифати никакви промени". Притоа 48,4 проценти се против каква било промена, а 10,5 отсто се изјасниле дека решение е прифаќање ново име за сите употреби.

Извор: Нова Македонија

Половина од граѓаните, против промена на името

Половина од граѓаните на Македонија се против секаква промена на името, една четвртина се да двојна формула и една четвртина за едното од другите три решенија, покажува истражувањето на Македонскот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведен од Институтот за социолошки и правно политички истражувања во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. За никаква промена на името се 60.2 отсто на испитаниците, додека за двојна формула се изјасниле 28.3 отсто од Македонците.

Извор: Коха

Половина од граѓаните против промена на името

Против каква било промена на името се изјасниле половина од анкетираните македонските граѓани, четвртина се за двојна формула и четвртина за едно од три други решенија, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка, спроведено од Институтот за социолошки и за правно-политички истражувања.

Извор: Време

Две третини од граѓаните против промена на името

Речиси две третини од македонските граѓани се против каква било промена на името, а една четвртина се за двојна формула, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Вечер

Анкета на МЦМС:Половина од граѓаните против промена на името

Повеќе од половината етнички македонски граѓани или 60,2 % се изјасниле против било каква промена на името, а 28,3 % од етничките македонци се за двојната формула, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници.

Извор: Канал5

Мнозинството граѓани против промена на уставното име

Големо мнозинство од граѓаните на Македонија се против било каква промена на уставното име, но при тоа етничките разлики во ставовите на граѓаните се крајно поделени, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка, спроведена од Институтот за социјални и политичко-правни истражувања.

Извор: Алсат

Анкета на МЦМС - Половина од граѓаните се против промена на името

Половина од македонските граѓани се против каква било промена на името, четвртина се за двојна формула и четвртина за едно од три други решенија, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници.

Извор: Сител

МЦМС: Граѓаните не сакаат промена на името

Истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено од страна на Институтот за социолошки и правно – политички истражувања во декември минатата година на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници, резултатите покажуваат дека поливина од граѓаните на РМ се против каква било промена на името, четвртина се за двојна формула и четвртина за една од другите решенија.

Извор: Курир

МЦМС- Половина од граѓаните се против промена на името

Мнозинството на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, како и граѓаните кои не се симпатизери на политички партии се одлучиле за никакви промени како прв најдобар избор кој ги одразува нивните ставови.

Извор: Прес 24

Албанците прифаќаат промена на името за во НАТО

(Shqiptarët pranojnë ndryshimin e emrit për në NATO)

Според бројките кои ги покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено од страна на Институтот за социолошки и правно политички истражувања од декември минатата година, каде беа опфатени 1.500 анкетирани, се забележува дека половина од граѓаните се против секаква промена на името, една четвртина се за двојна формула и една четвртина за едно од другите три решенија.

Извор: ЛајмПрес

Албанците се за промена на името на Македонија

Половина од граѓаните на Македонија се против секаква промена на името, една четвртина се да двојна формула и една четвртина за едното од другите три решенија.

Ова се резултати од спроведената анкета на Македонскот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за социолошки и правно политички истражувања.

Анкетата е спроведена со 1050 испитаници.

За ниедна промена на името се изјасниле 60,2 отсто од испитаниците, додека за двојна формула се изјасниле 28,3 отсто од Македонците.

Извор: Iliria News Agency

Албанците се за промена на името на Македонија

Половина од граѓаните на Македонија се против секаква промена на името, една четвртина се да двојна формула и една четвртина за едното од другите три решенија.

Ова се резултати од спроведената анкета на Македонскот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за социолошки и правно политички истражувања.

Анкетата е спроведена со 1050 испитаници.

Извор: Национална агенција за вести (Албанија)

Албанците се за промена на името на Македонија

Половина од граѓаните на Македонија се против секаква промена на името, една четвртина се да двојна формула и една четвртина за едното од другите три решенија.

Ова се резултати од спроведената анкета на Македонскот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за социолошки и правно политички истражувања.

Анкетата е спроведена со 1050 испитаници.

Извор: Експрес он лине (Косово)

Извор: Бота сот (Косово)