Промовиран извештајот „Злосторство без казна“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовиран извештајот „Злосторство без казна“ PDF Print E-mail
Thursday, 14 October 2010 09:30

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) вчера, 13 октомври 2010 година, во х. Континентал во Скопје, го промовира Извештајот за борба против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија „Злосторство без казна“.  Извештајот e подготвен од Центарот за проучување на демократијата од Бугарија.  Ре-издавајќи го овој извештај, МЦМС сака да придонесе кон анализа на политики и расправи за битни општествени прашања со фокус на корупцијата.

Промовиран извештајот „Злосторство без казна“

На промоцијата учествуваа Снежана Мојсова од Министерството за правда на РМ, д-р Марија Јорданова, директор на правната програма во Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Илми Селами, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС и Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС.

Извештајот, подготвен од  Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, констатира забавување на антикорупциските напори во првите две години од полноправното членство на Бугарија во Европската Унија. Но, забележани се и неколку позитивни трендови: на пример, административната корупција во бизнисот опаднала за 50 % по пристапувањето на земјата кон ЕУ. Нивото на активности од областа на сивата економија постепено се намалиле во текот на изминатата деценија.  Елиминацијата на бесцаринската трговија на копнените гранични премини на Бугарија имала значителни антикорупциски ефекти.

Промовиран извештајот „Злосторство без казна“

„Корупцијата е повеќе или помалку присутна во сите држави заради што треба да се води битка на меѓународен план. Македонија постојано работи на зајакнувањето на правната рамка за борба против корупцијата и на континуирани реформи во судството, а ги има и ратификувано сите конвенции на ОН и Советот на Европа“, рече Снежана Мојсова од Министерство за правда.

Марија Јорданова, директор во Центарот за проучување на демократијата, рече дека извештајот се однесува на 2007 и 2008 година, односно за првите две години од влегувањето на Бугарија во Унијата. После зачленувањето на Бугарија во ЕУ, бугарската влада ја имаше главната улога во дистрибуцијата на европските фондови, беше примамлива за сите, и за политичарите и за бизнисмените, создавајќи директен начин за злоупотреба на овие фондови за лични цели“, рече меѓу другото Марија Мојсова. Таа додаде дека извештајот може да биде корисен за Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ. Корупцијата навлегува и во локалната самоуправа и невладиниот сектор преку формирање на лични НВО за користење на средствата од фондовите.

„Во Бугарија загриженоста на граѓаните за корупција е на прво место во анкетите, а кај нас на втори или трето место. Во Македонија има добри предуслови за борба против корупцијата и солидна правна рамка, но прашање е колку им се дава капацитет на институциите за борба против корупцијата. Во Македонија нема вистинска волја на државните институции за борба против корупцијата“, кажа Илми Селами, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Промовиран извештајот „Злосторство без казна“

Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, рече дека само 4,7 проценти од БДП отпаѓа на општините, од кои 2 отсто од БДП спаѓа на плати. Така што зборуваме за евентуално 2,7 отсто учество на општините во целокупната корупција во Македонија. Но сепак ние не ја занемаруваме оваа бројка и правиме напори да се спречат коруптивните дејства“.

„И општините и граѓанскиот сектор не се перцептирани во општество како клучни носители на корупцијата во Македонија. Можеби ова предупредување од Бугарија дека со натамошната децентрализација на општеството и со зголемување на финансирањето на граѓанскиот сектор може да станата место на напад на коруптивните сили, така што ние треба да правиме се што е можно да го спречиме тоа“, рече Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС. Тој додаде дека граѓанскиот сектор треба и самиот да се организира во борбата против корупцијата, како и соработката со другите државни институции.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Промовиран извештајот „Злосторство без казна“