| Верска толеранција и мир – Ретопеа | 
		 		 | 
	
| 
 РЕТОПЕА е кратенка од „верска толеранција и мир“ на англиски јазик. Тоа е истражувачки проект финансиран од Европската комисија, спроведуван од универзитети во 8 различни држави низ Европа, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Белгија, Финска, Северна Македонија, Шпанија, Германија, Полска и Естонија. Проектни партнери за Северна Македонија се Универзитетот Св. Кирил и Методиј и МЦМС. Проектот вклучува работа со млади луѓе во овие земји, во неколку образовни средини, вклучувајќи училишта, музеи и младински клубови. Проектот им дава можност на младите луѓе да направат кратки филмови во документарен стил, што ги поттикнуваат да размислат за верската разноличност, толеранција и мир.  |