Снежана Камиловска Трповска Shtyp

Снежана Камиловска ТрповскаСнежана Камиловска Трповска, Соработник на проект
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
+389 2 3088 983

Снежана Камиловска Трповска е родена на 05.11.1987 година во Скопје. Своето академско образование започнува да го гради на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје каде во 2009 година стекнува звање дипломиран правник. Во 2011 година станува магистар по меѓународно право и меѓународни односи на тема: „Надлежност за брачните прашања и прашања поврзани со родителска одговорност во меѓународното приватно право на ЕУ и на Република Македонија“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во 2014 година положува и правосуден испит.

Работното искуство го започнува во Стопанската комора на Македонија каде првично започнува како правник и секретар на Здружението на осигурување, Асоцијацијата на осигурително- брокерски друштва, Асоцијацијата на приватни здравствени установи и Групацијата за работење со хартии од вредност. Подоцна, станува дел од тимот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, за во 2015 година да биде поставена за Директор на дирекција на регионални комори и меѓународна соработка при Комората.

Станува дел од тимот на МЦМС во ноември 2017 година како соработник на проекти.

Автор е на повеќе дела поврзани со унапредување на јавно-приватниот дијалог меѓу кои на Белата Книга на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и Jавни набавки- предности и недостатоци на македонското законодавство споредено со европското законодавство.

LinkedInhttps://www.linkedin.com/in/snezana-kamilovska-trpovska-0900201b/