Водич за Добри практики за заштита на лицата кои пријавуваат |
Дата: 2016 година Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата содржи релевантни одредби кои ги поставуваат темелите за ваквите иницијативи и кои се детално наведени и објаснети во рамките на овој Водич. Водичот објаснува зошто поттикнувањето и заштитата на лицата кои доставуваат информации за наводни случаи на коруптивно однесување се клучен елемент во борбата против корупцијата. Тој е наменет да им служи како ресурс за државите членки во спроведувањето на своите обврски од Конвенцијата во врска со помагање и заштита на луѓето, без разлика дали пошироката јавност или “укажувачите” – обично лицата кои работат во рамките на една организација (јавна или приватна) или индустрија каде што се случува нерегуларноста. Целите на овој Водич се да им се помогне на државите потписнички на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата и другите национални актери да утврдат какви законски односно институционални реформи може да бидат потребни за да се исполнат меѓународните барања; да ги утврдат расположливите ресурси и поддршка за оваа задача; и да се истакнат оние работи кои ќе треба да бидат постојано менувани согласно на новите можни предизвици. Публикувањето на овој водич е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. Содржината не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави. |