| Справување со корупцијата - земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ |
|
|
Датум: јануари 2026
Врз основа на наодите од СЕЛДИ, проценките на ЕУ за владеење на правото, како и регионални анализи на политики, овој документ ја оценува улогата и ефективноста на условеноста при пристапување на ЕУ, како и финансиската поддршка во унапредувањето на антикорупциските реформи и зајакнувањето на институциите за владеењето на правото. Во документот се потенцира дека реформските напори често ставаат приоритет на донесување на законодавство, наместо на неговата примена и мерливото влијание. Документот дава препораки за градење политики насочени кон зајакнување на институционалната независност, поврзување на помошта од ЕУ со антикорупциски стандарди базирани на резултати, унапредување на транспарентноста преку дигитални алатки за управување и зајакнување на граѓанскиот надзор како клучни елементи за одржливи реформи и кредибилен напредок во процесот на проширување на ЕУ. |