Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет Shtyp
E mërkurë, 23 shtator 2026 10:48

За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

DSC 9353 MCMS

Фокус на дискусијата беа темите поврзани со реформската агенда, антокорупциските реформи во регионот и градење институциолнална отпорност, како и управување со дигиталните безбедносните ризици и закани и како до поголема демократска отпорност. Форумот беше придружен настан на Министерскиот состанок во рамките на Берлинскиот процес, и обедини носители на одлуки и политики, претставници на органите за спроведување на законот и граѓанското општество.

Клучни заклучоци од дискутијата:

  • Основните столбови на антикорупциската архитектура: Современите антикорупциски рамки мора да се темелат на апсолутна институционална независност на органите за спроведување, личен интегритет и технички вештини кај вработените, и трајни политики вкоренети во политичка волја, а не во променливи политички аспирации.
  • Стратешка сопственост и долгорочно влијание: Повеќето антикорупциски стратегии се планирани за период од пет до седум години, но честите промени на власта ги оставаат без јасен носител или сопственик, при што се сведуваат на административни контролни листи наместо документи кои поттикнуваат вистинско долгорочно влијание.
  • Меѓуагенциска синергија и превенција: Антикорупциските тела со превентивен мандат не можат да функционираат како изолирани тела; тие бараат тесна оперативна синергија со полицијата, министерствата за внатрешни работи, обвинителствата и институциите за ревизија, за ефикасно следење на незаконското богатење и сомнителните финанскиски средства, со цел надминување на постојаниот јаз меѓу законодавството и спроведувањето.
  • Дигитална трансформација и заштитни механизми за вештачка интелигенција: Додека регионалната дигитализација и единствените бази на податоци ги подобруваат јавните услуги, современите реформи мора да вклучат сигурна сајбербезбедност, дигитална инфраструктура и строги заштитни механизми за ВИ, овозможувајќи ВИ да функционира како дигитален „чувар“, а не како замена за човековото одлучување.

DSC 9561 MCMS

Избрани видувања на говорниците:

  • Н.E. Јохан Сатлер амбасадор на Европската унија во Црна Гора, истакна дека процесот на пристапување кон ЕУ бара конкретни и неповратни резултати во владеењето на правото, а не само формална усогласеност, потврдувајќи дека институционалниот интегритет останува основата на регионалната стабилност. Тој ја охрабри Црна Гора да не го изгуби фокусот во последната фаза.
  • Пеѓа Тањевиќ, началник на Одделението за борба против корупција во Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, истакна дека институционалната реформа се придвижила од обични законодавни измени кон покажување конкретни резултати во борбата против организираниот криминал, перењето пари и миграцијата, заедно со зајакнување на полициската соработка. Во 2025 година. Додавајќи дека Министерството спровело внатрешна анализа фокусирана на етиката на полициските службеници и вработените, а од 2026 година високите позиции ги пополнуваат преку нов процес на внатрешен избор, кој спречува несоодветно политичко влијание врз избора на полициското раководство.
  • Даниела Минева, аналитичар во Програмата за геоекономија при Центарот за изучување на демократијата, ги презентираше клучните наоди од Регионалниот антикорупциски извештај на СЕЛДИ. Нејзиното излагање ја нагласи геополитичката итност за справување со заробувањето на бизнисот и медиумите, монополизацијата на клучните сектори и ранливостите на правосудството. Таа препорача мерила на ЕУ засновани на влијание, транспарентност на стварната сопственост и суспендирање на финансирањето од ЕУ кога се заобиколуваат правилата за конкурентни набавки.
  • Росен Кукушев, директор на Дирекцијата за соработка со ЕУ и меѓународна соработка при Министерството за внатрешни работи на Бугарија, потенцираше дека клучните операционални капацитети треба да се стекнуваат преку зајакнување на прекуграничната полициска соработка со поддршка на Фронтекс, Европол и Eвроџаст. Тој исто така истакна дека борбата против организираниот криминал, нелегалната трговија, перењето пари и незаконските финансиски текови бара комбиниран пристап на разузнавање, напредна технологија, ригорозна анализа и институционален интегритет.
  • Силва Цака, заменик-министерка за внатрешни работи на Албанија, посочи дека земјата ги зајакнува своите капацитети за следење на незаконски стекнатиот имот, по усвојувањето на Законот за одземање на имот во јуни 2025 година. Таа исто така напомена дека Албанија соработува со Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) и Агенција на Европската Унија за дрога (ЕУДА) за подобрување на своите капацитети за следење на дрогата и рано предупредување.
  • Александра Вукашиновиќ, претседателка на Советот при Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора, нагласи дека агенцијата има за цел да го надмине јазот меѓу усвојувањето на законодавството и неговата примена. Антикорупциското тело моментално гради капацитет за проверка на пријавениот приход и имот на јавните службеници со вистинската законитост на нивниот имот, во согласност со надградениот Закон за спречување на корупцијата, усвоен во јули 2026 година. Таа препорача сите антикорупциски агенции да започнат со развивање на образовни кампањи за подобрување на општествените норми.
  • Адем Чучуљ, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на Северна Македонија, се осврна на практичните предизвици при проширувањето на превентивните функции на Комисијата, зајакнувањето на антикорупцискиот надзор во однос на финансирањето на политичките партии и изборите, и ефикасното спроведување на антикорупциска проверка на законодавството.
  • Алмир Бадњевиќ, директор на Агенцијата за идентификациски документи, регистри и размена на податоци (ИДДЕЕА) на Босна и Херцеговина, истакна дека дигиталниот суверенитет не започнува со технологијата, туку со доверба во идентитетот, податоците и институциите. Тој предупреди дека дури и најдобриот ВИ-систем не може да се смета за сигурен доколку државата не може да го потврди идентитетот на одредено лице, од каде доаѓаат податоците, дали се автентични и кој има пристап до нив, напоменувајќи дека ВИ не создава доверба, туку ја наследува од податоците, институциите и инфраструктурата.

DSC 9593 MCMS

Форумот за политики на СЕЛДИ јасно покажа дека Западен Балкан се наоѓа на клучна историска раскрсница. Исполнувањето на барањата за проширување на ЕУ и изградбата на цврста демократска отпорност бара многу повеќе од површинска правна хармонизација; тоа налага раскинување на заробеноста на државата, заштита на дигиталниот суверенитет од хибридни закани и спроведување на апсолутна институционална одговорност.

Поврзани публикации:

Геоекономијата на заробените држави: Усогласување на антикорупциските и стратешките императиви во Западен Балкан


Te nderlidhura: