Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас Shtyp
E hënë, 21 shtator 2026 08:24

Со задоволство Ве покануваме да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев.

den na graganskite organizacii1

Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница и бројните граѓански организации ќе имаат можност и оваа година да се претстават пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и резултатите што ги остваруваат во проектите и програмите. Покрај ова, очекувајте од граѓанските организации да се претстават со голем број активности, како на пример квизови, интерактивни работилници, игри за млади, изложби, дебати, презентации и сл. проследени со музичка програма.

Годинава, во исто време и место со Фестивалот на Цивика мобилитас, ќе се одвива уште еден настан организиран од Слоу Фуд Водно (Slow Food Vodno), каде ќе може да ги поддржите локалните производители преку дегустација и купување на вкусна, здрава и одржлива храна.

Повеќе информации и конечната агенда ќе бидат споделени на оваа страна набрзо.

„Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата. На фестивалот ќе можете одблиску да се запознаете со граѓанските организациии, да поразговарате со нив и да се приклучите кон нивните активности.

Доколку сакате вашата граѓанска организација да биде активен учесник на овој фестивал, пријавете се на оваа форма најдоцна до 25 септември 2026 г.

Facebook event
Претходни фестивали