Одбележување на светскиот ден на гаѓанско општество: Граѓанскиот надзор против нормализирањето на корупција Shtyp
E premte, 27 shkurt 2026 15:06

Кога јавен тендер вреден милиони се доделува без вистинска конкуренција,голема е веројатноста дека недостасува одговорност во самата институција. Во такви случаи, притисокот започнува од надвор, од граѓанските организации и активистите кои будно ги следат процесите и ги поставуваат тешките прашања.

27 FEBRUARY 202621

Во Западен Балкан, корупцијата е искуство што го обликува секојдневниот живот на граѓаните. За илустрација, според Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025,  36,7% од граѓаните изјавиле дека биле изложени на коруптивен притисок, 30,6% признаваат дека дале поткуп во изминатата година, додека пак две третини (66,6%) не веруваат дека корупцијата може значително да се намали. Споредбено, во Албанија ситуацијата е уште поалармантна: 59% од граѓаните признаваат дека дале поткуп, додека 77% сметаат дека сегашната состојба со корупцијата ќе продолжи.

Оваа слика не е значително поразлична ниту во другите соседни земји. Заедно, овие бројки откриваат не само широко распространета изложеност на коруптивни практики, туку и растечка нормализација, а истовремено отсликуваат и опасно ниво на јавен песимизам во однос на посакуваните реформи.

Корупцијата е структурен проблем. А структурните проблеми бараат одржливи и системски решенија, кои во повеќето земји ретко постојат. Во таков контекст, граѓанското општество, здружено во коалиции или често преку грасрут активисти ги предизвикуваат и им се спротивставуваат на ваквите негативни трендови.

Токму тука, регионалната улога на мрежата Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење капацитети за застапување врз основа на докази, политичко влијание и граѓански ангажман (СЕЛДИ) станува суштинска. Со комбинирање на истражувања за состојбите со корупцијата, подготовка на анализи базирани на докази и насочена поддршка на локалните актери, СЕЛДИ ги поврзува податоците со акција, со цел регионалните проценки на ризиците од корупција да се преточат во конкретни напори за отчетност во пракса.

На 27 февруари, Светскиот ден на граѓанските организации нè потсетува дека демократијата не зависи само од институциите, туку и од независните актери кои ги надгледуваат и следат. Во Западен Балкан, граѓанските организации дејствуваат како чувари на интегритетот, едукатори и застапувачи за реформи. Преку Програмата за мали грантови, СЕЛДИ го зајакнува овој систем на отчетност, обезбедувајќи им на локалните организации алатки и простор за дејствување.

Постои општоприфатено мислење дека справувањето со системската корупција бара големи буџети и обемни интервенции. Сепак, искуството од регионот преку иницијативите поддржани од СЕЛДИ покажува дека насочената и флексибилна поддршка може да донесе конкретни и мерливи промени.

Преку Програмата за мали грантови, локалните организации го преточуваат скромното финансирање во значајни активности за отчетност и отпорност кон корупција. Таков е примерот на Коалицијата сите за правично судење во Северна Македонија 160 студенти по право учествуваа во специјализирана обука за ризици од корупција и правни механизми за заштита. Ваквата обука ги зајакна капацитетите на идните правници да препознаваат и се спротивставуваат на нарушувања на интегритетот. Слично, Центар за застапување за демократска култура во Косово, организираше филмски проекции и дискусии за тоа како корупцијата влијае врз секојдневниот живот, јавните услуги и довербата во институциите, на кои учествуваа 110 млади луѓе. Овие напори не само што ја зголемуваат свесноста, туку градат долгорочна граѓанска отпорност кон коруптивните практики.

Малите грантови овозможија и структурирана комуникација со носителите на одлуки во регионот. Граѓанските организации одржаа консултации со засегнати страни и ретставници на јавните институции за да ги идентификуваат слабостите во системот на интегритет и да предложат соодветни решенија. Имено, поддржан проект на Фондација за лидерство, можности, учење и иновации ЛОЛИ од Скопје, изработи стратешки план придружен со конкретни препораки за реформи во образовниот сектор, создавајќи референтна вредност преку која може да се мери институционалниот напредок. Други бројни иницијативи на организации во Босна и Херцеговина и Црна Гора организираа состаноци на работни групи и тркалезни маси со засегнати страни, со што антикорупциските прашања беа директно вклучени во политичките разговори, наместо да останат надвор од нив.

Влијанието на овие иницијативи можеби не создава секогаш насловни вести. Но, отчетноста ретко произлегува од една драматична интервенција. Таа расте преку континуиран притисок, информиран дијалог и јавен надзор. Секоја консултација ги зголемува очекувањата за транспарентност. Секоја препорака ги појаснува и конкретизира приоритетите за реформи. Секој ангажиран граѓанин ја зголемува политичката цена на корупцијата.

Во контекст каде што скоро  половина од граѓаните пријавуваат директна вклученост во поткуп, а мнозинството се сомнева дека корупцијата може да се намали, овие напори не се периферни. Тие се стабилизирачка сила. Тие ја зајакнуваат граѓанската свесност ја враќаат јавната дебата и ја зголемуваат политичката цена на коруптивното однесување. Со зајакнување на независниот надзор во повеќе земји, СЕЛДИ придонесува кон градење на регионална демократска отпорност што ги надополнува институционалните реформски напори. Корупцијата не ги ослабува демократиите преку ноќ. Таа ги урива постепено преку нејзина нормализација, рамнодушност и намалени очекувања за промени.

Во време кога граѓанскиот простор на делување во регионот останува ограничен, а довербата во институциите е нерамномерна, поддршката на граѓанските организации не е избор. Таа е темелна потреба. Мерењата за овозможувачка околина покажуваат дека наспрема законската заштита, организациите континуирано се соочуваат со бирократски пречки, нестабилно јавно финансирање и политички притисоци, што ја ограничува нивната независност и улога во демократските процеси. Без континуиран надзор и граѓански ангажман, дури и добро дизајнираните реформи ризикуваат стагнација.

Затоа, Светскиот ден на граѓанските организации е повеќе од ден за прослава на граѓанскиот активизам. Тој е потсетник за тоа каде навистина започнува демократската отпорност. Преку своето регионално делување и насочена поддршка на локалните актери, СЕЛДИ продолжува да ги зајакнува механизмите на отчетност што им се потребни на демократските системи.

Во Западен Балкан, патот кон зајакнато владеење на правото не зависи само од усвоените политики, туку и од одржливоста на отчетноста. А честопати, таа одржливост започнува со мала, но стратешка инвестиција од оние што се подготвени да поставуваат тешки прашања, и да истраат сè додека не се добијат одговори.


Te nderlidhura: